Vila Santala | Neos Marmaras 2023

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Неос Мармарас, Грција

Датум

20 мај – 01 октомври 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

Vila Santala – Neos Marmaras – Leto 2023 – Sopstven zakup

Ново во нашата понуда- Вилата Santala која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од „Sole A Mare“ и од „ Alcano. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2023 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Santala е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа слаткарница и пицерија. Располагаме со двокреветен апартман кој има поглед кон улицата и со четирикреветни апартмани кои имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети се наоѓаат на втор спрат и се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената (во четирикреветните апартмани има по два телевизора и две клими во секоја спална соба). Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287