Vila Sole A Mare | Neos Marmaras 2023

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Неос Мармарас, Грција

Датум

20 мај – 27 септември 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

Vila Sole A Mare | Neos Marmaras – Leto 2023 – Sopstven zakup

Вилата Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри. Располагаме со двокреветно студио и четирикреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизории клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu