Вила “STRATOS” – Пефкохори

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Пефкохори, Грција

Датум

18 мај – 21 септември 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

Вила “STRATOS” – Пефкохори

Бесплатно сместување за 3то и 4то лице во 3+1 Апартман со една спална соба
Бесплатно сместувањеза 5то лице во дуплекс АПТ /4+1/ со две спални соби

Вила “Stratos”, се наоѓа на околу 50m од плажа, во центарот, односно на пешачката улица од единствениот мал кружниот тек во Пефкохори која води кон плажата. Вилата располага со:  3+1 апартмани со една спална соба (брачен и единечен кревет во спалната соба и единечен кревет во кујната, купатило, две тераси, единечна и аголна тараса со поглед во дворот на вилата каде и од двете соби се излегува на тераса /  3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални соби (брачен и единечен кревет во едната спална соба, два единечни кревети во другата спална соба, одделна кујна помеѓу двете соби со трепезариска маса, голема аголна тераса со поглед кон пешачката улица на која се излегува и од двете спални соби). Сите апартмани се опремени со: кујна (со  прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, туш, големи балкони (масичка со столчиња), ТВ, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен  WI-FI интернет. Апартманите во сопствен закуп на Медитеран се на I и II кат. Апартманите се реновирина пролет 2024 година. Ви посакуваме пријатен престој.

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална /3+1/ и 5-то лице во дуплекс АПТ /3+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
–  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат во дуплекс АПТ 5-то лице – БЕСПЛАТНО;
–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
–  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);
–  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
–  Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287