Вила Вула

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Лептокарија, Грција

Датум

02 јуни 2020 – 22 септември 2020

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

На само 50м од најубавата
плажа во Лептокарија

Лептокарија е туристичка дестинација на Олимписката Ревиера. Местото располага со многубројни улици со продавници,шеталиште,долга песочна плажа.

Вила Вула е лоцирана на 50 м од најубавата плажа во Лептокарија.На 5 минути од центарот.
Вилата ке биде за првпат на располагање на гостите оваа година.Самата вила располага со три и четири креветни студија и дел од нив се со страничен поглед на море.Сите студија се опремени со кујни ,тв,wi-fi ,клима-која се доплаќа и расолагат со пространи балкони.

10% попуст до 28.02.2020

Цените се однесуваат за 8 ноќевања наем на студио.

  • • Во студијата  e дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет т.е. број на кревети.
  • • Сите попусти за деца и трети лица важат при сместување во соба со 2 возрасни лица
  • • поради генерално чистење на студијата  после секоја смена, студијата се напуштаат во 09:00 часот, а се добиваат после 14:00 часот по локално време
  • • хигиената во собата си ја одржувате сами за време на престојот
  • • Користењето на климата е со доплата на лице место.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во агенција )

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените како и самата агенција.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • • Задолжително патничко и здравствено осигурување – инфо во агенцијата
  • • За користење на две смени (8+8 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена
  • • Превоз: возрасни 30 € (повратен билет) / 20€ (1 правец), деца од 2-12 години 20 € (повратен билет) / 25 € (1 правец)
  • • Цените се изразени во € – евра , по курс 1 € = 62 мкд
  • • За овој аранжман важат општите услови на патување пропишани од “СКТМ“ и Т.А.“ЕКСТРА БУС “. ЛИЦЕНЦА – “А“ за вршење на туристичка дејност
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu