Врњачка бања 8-ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Врњачка бања, Србија

Датум

07 март 2020 – 08 март 2020

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Вклучена свечена вечера
со музика во живо

Прв ден: 07.03.2020 (сабота)

01.00 часот Поаѓање  на групата од Кавадарци и од Скопје во 02.30 часот  кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување во Врњачка Бања во претпладневните часови. Oрганизиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Zepter“ 4**** (www.zepterhotelvbanja.com).

Слободно време за одмор, индивидуални активности и користење на содржините во хотелот: затворен базен со топла термална вода, џакузи, сауна… Вечерта, свечена празнична вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Втор ден: 08.03.2020 (недела) 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Љубостиња, средновековен женски манастир кој припаѓа на епархијата на Крушевската Српска Православна Црква. Манастирот е граден во периодот од 1388 до 1405 година по барање на жената на кнезот Лазар, кнегињата Милица. Покрај неа, во манастирот е погребана и монахињата Јефимија, сопругата на деспотот Угљеша Мрњавчевиќ.

За време на Кочина Буна, народот е повикан на востание токму од овој манастир и во знак на освета, Турците го запалиле манастирот. Во пожарот изгореле речиси сите фрески, а притоа е откриена тајна ризница која била скриена во манастискиот ѕид зад една икона каде кнегињата Милица го сокрила своето богатство. Турците го опљачкале целиот манастир, а меѓу најзначајните реликвии е одземена круната на српскиот кнез Лазар која денес се чува во Истанбул.

Манастирот Љубостиња денес е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Потоа продолжуваме со организиран разглед на градот Крушевац и посета на црквата Лазарица и на Лазарев Град. Околу пладне заминуваме кон шопинг центарот Shopping Park. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање кон Македонија.

Пристигнување во Скопје и во Кавадарци во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………79 евра (4900 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги: 

  • – Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • – Едно ноќевање со појадок  во хотел „Zepter“ 4**** во Врњачка Бања
  • – Свечена вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот
  • – Разглед на Врњачка Бања  со локален туристички водич
  • – Разглед на манастирот Љубостиња и градот Крушевац  со локален туристички водич
  • – Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • – Пијалоци за време на вечерата
  • – Доплата за еднокреветна соба – 30 евра
  • – Туристичка такса – 1.30 евра по лице
  • – Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Информации и резервации во ТА„EKСТРА БУС“ Кавадарци: тел: 043/ 420 020 ; 072/230 200

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu