Сараево – Нова Година
Датуми
30.12.2026 – 03.01.2027
Локација
Сараево – Јабланица – Мостар – Вишеград – Андриќград
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Локација
Сараево е поделен на 3 дела: Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгарските градби и Југословенски дел. Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
Аранжманот вклучува дочек на Новата Година во Сараево, разглед на градот со локален водич, посета на Вишеград и Андриќград, а факултативно Јабланица, Мостар, Босански пирамиди и крстарење по Дрина.
Сместување
Сместување во хотел со 3*** или 4**** во Сараево. Хотелот со 3*** е на 7–8 км од местото за дочек, а хотелот со 4**** е во центар – пред самата локација за дочекот.
Во аранжманот се вклучени:
• 2 ноќевања
• појадок
• избор на хотел 3*** или 4****
Информации
Во цената на аранжманот е вклучено:
• автобуски превоз
• 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*** или 4**** во Сараево
• разглед на Сараево со водич
• посета на Андриќград и Вишеград
• туристички придружник за време на целото патување
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• пакет Неретва (Коњиц, Јабланица и Мостар) – 45 евра
• посета на Босански пирамиди – 30 евра
• туристичка такса – 5 евра за 2 ноќевања по лице за хотел со 3***, или 6 евра за хотел со 4****
• крстарење по Дрина – 10 евра по лице
• доплата за еднокреветна соба – 50 евра за двете ноќевања
Важна напомена:
• Хотелот со 3*** е на 7–8 км од местото за дочек.
• Хотелот со 4**** е во центар – пред самата локација за дочекот.
Доколку постои интерес:
• Факултативна посета за организиран дочек во Мостар: 31.12.2026 – Жељко Самарџиќ; 01.01.2027 – Петар Грашо.
Попусти и доплати:
• Деца од 8 до 11,99 години со 2 возрасни лица – 30% попуст.
Напомени:
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
• Превозот дали ќе биде со автобус или минибус зависи од бројот на патници.
• За реализација на патувањето потребно е минимум 45 патници.
• Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.
• Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
• Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
• Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
• Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови; организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативите.
Цени
ЦЕНА:
Хотел со 3*** = 129 €
Хотел со 4**** = 149 €
Рок за пријава за промо цени: до 25.11.2026 (или до пополнување на местата по промо цена).
Попуст: деца од 8 до 11,99 години со 2 возрасни лица – 30%.
Што се посетува
1. ден – 30.12.2026, Битола – Сараево
Поаѓање од Спортска сала во Битола во 18:30 часот. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи и царински формалности.
2. ден – 31.12.2026, Сараево
Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич. Сместување во хотел. Дочек на Новата Година. Ноќевање.
3. ден – 01.01.2027, Јабланица (Битка на Неретва), изворот и Мостар
Појадок. По појадокот посета на Јабланица каде била битката на Неретва. Денот го завршуваме со посета на Мостар, еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари). Прошетка до Стариот мост (кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кулата, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици од османлискиот период) и старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва. По завршувањето на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед кон „Стариот мост“, симбол на Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. Ноќевање.
4. ден – 02.01.2027, Босански пирамиди – Вишеград – Андриќград – Битола
Појадок. По појадокот посета на Босанските пирамиди и тунелот Равне. Потоа заминување кон Вишеград, мало градче во Босна и Херцеговина на сливот на реките Рзав и Дрина, место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мост на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград можност за посета на Андриќград (познат и како Каменград), чиј инвеститор е познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Слободно време за прошетка или крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија.
Превоз
Поаѓање од Спортска сала во Битола во 18:30 часот. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи и царински формалности.
Превозот дали ќе биде со автобус или минибус зависи од бројот на патници.
За реализација на патувањето потребно е минимум 45 патници.