Виза

Туристичка Агенција Екстра Бус

НАПОМЕНА

1*. Виза не е потребна за носителите на македонски дипломатски патни исправи.

2*. Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано.

3*. За државјани на Република Македонија и на Азербејџан, Белорусија и Украина ќе се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на поранешните СССР и СФРЈ за взаемни патувања на граѓани, од 3.10.1989 година.

Според Спогодбата виза не е потребна:

а. за дипломатски и службени патни исправи и за граѓанските патни исправи клаузула “деловно”

б. за туристички и групни патувања во организација на туристички агенции и поединечно со “ваучер”

в. со заверка на покана ако се оди во посета на роднини или пријатели или со “заверена телеграма” во итни случаи (свечености, болести и сл.) до 90 дена.

г. за посета на гроб на роднина што се докажува со потврда од Црвен Крст

д. за патување заради здравствени прегледи или консултации, се приложува упат или покана од здравствена организација.

Во сите други случаи потребна е виза.

4* Не е потребна виза за дипломатски и службени пасоши и пасош со клаузула деловно, двострано и за обичен кинески пасош за службени потреби-passport for public affairs).

5* За издавање визи за влез во РМ на државјаните на овие држави потребна е согласност од МВР, освен за носителите на дипломатски и службени пасоши на Р.Молдова.

6* Не е потребна виза за носители на македонски дипломатски и службени пасоши

7* Одлуката за укинување на визите ќе се применува од 01.10.2008 година и ќе се спроведува во период од една година, односно ќе важи до 01.10.2009 година, со можност истата да биде продолжена и во натамошниот период.

8* За овие земји не се наплатува такса при издавање визи за влез во РМ. Се наплаќаат само фактички трошоци.

9* На носители на дипломатски, службени и посебни пасоши на двете држави, кои се членови на ДКП или на меѓународни организации, не е потребна виза додека трае нивната функција, а доколку немаат таква функција може да престојуваат и излегуваат без виза до 90 дена ако не се занимаваат со некоја дејност. На државјаните за двете држави со одобрен постојан престој не им е потребна виза за излегување и враќање во државата на престојот.

10* Врз основа на билатерална Спогодба (размена на ноти), за државјаните на Романија и на РМ се издаваат неограничени визи со рок на важност од 6 месеци, со право на престој најмногу до 90 дена.

11* Секој странец кој поседува важечка Шенген Ц виза, може да влезе во Република Македонија без да поседува македонска виза, но должината на престојот се лимитира со условите наведени во Шенген визата. Нагласуваме дека горенаведената Одлука не се однесува на национални визи издадени од Шенген земјите, односно Шенген визата треба да биде со важност за целата Шенген зона.Одлуката ќе се спроведува во период од една година, односно ќе важи до 01.10.2009 година, со можност истата да биде продолжена и во натамошниот период.

12* При издавањето на визи од страна на ДКП за престој подолг од 60 дена и визи за вработување, школување и други активности, конзуларната такса не се наплатува. Државјаните на двете држави кои имаат одобрен привремен и постојан престој можат да излезат и да се вратат во државата на престојот без визи, под услов нивното отсуство да не биде подолго од 90 дена.

13* За патување на државјани на овие држави во РМ, се применува Спогодбата наведена во точка 3*.

За патување на државјани на РМ во овие држави, потребна е виза.

14* За туристички престој на државјани на РМ во Сингапур, до 14 дена, не е потребна виза, а за престој по други основи, виза е потребна.

15* За туристички престој на државјани на РМ во Хонг Конг, до 15 дена, не е потребна виза, а за престој по други основи, виза е потребна.

16* Визите за краток престој до 90 дена, за државјаните на РМ, бесплатно ги издаваат следните држави :

  • Бугарија
  • Романија и
  • Ирска

17* Согласно билатералната спогодба со Аргентина, државјаните на двете земји, носители на обични пасоши, можат без виза да патуваат во другата држава и престојуваат туристички до 3 месеци. За патување и престој по други основи и за носители на дипломатски и службени пасоши, потребна е виза.

18* Државјаните на РМ со обични пасоши, можат без виза да патуваат во Кенија и да престојуваат туристички до 3 месеци. За патување и престој по други основи и за носители на дипломатски и службени пасоши, потребна е виза, која се добива на граница (најава со нота).

19* Визи за државјаните на РМ може да бидат издавани на граница на влегување.

20* Македонските државјани, се ослободени од обврската за поседување транзитна виза ( престој не подолг од 5 дена ) доколку поседуваат некои од следните валидни документи:

  • краткорочни шенген визи ( тип Б или Ц )
  • тип Б или Ц виза издадена од новите членки на ЕУ
  • Долгорочна виза ( тип Д ) издадена од членките на ЕУ, Исланд или Норвешка
  • Валидно одобрение за престој издадено од членките на ЕУ, Исланд, Норвешка, Швајцарија или Лихтенштајн.

21* За носителите на специјални патни исправи на Перу виза не потребна.

22* За туристичко патување виза не е потребна, за студенти и деловно патување виза е потребна.

23* Македонските државјани кои поседуваат шенген визи издадени од Словачка, Чешка, Полска, Унгарија, Малта,

Кипар, Естониа, Латвија и Литванија, издадени по 01.01.2008 може да патуваат во сите 24 земји од Шенген зоната.

24* Македонските државјани кои поседуваат шенген визи може да транизитираат низ Р.Бугарија и Р.Романија до 5 дена.

25* Барањата за Естонски визи се поднесуваат во Амбасадата на Унгарија во Скопје.

26* Барањата за Летонски визи се поднесуваат во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

27* За државјани на Република Македонија и на Руската федерација се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската федерација за услови на заемни патувања на државјаните на Република Македонија и на Руската Федерација (Сл. Весник на РМ бр.119 од 19.09.2008 г.).Согласно Спогодбата:

– виза не е потребна:

а) носители на дипломатски и службени патни исправи на двете држави (престој не подолг од 90 дена)

б) државјаните на двете држави кои имаат одобрение за привремен или постојан престој на територијата на другата државата

в) државјани на двете држави кои патуваат на територијата на другата држава заради:

*остварување на деловни контакти, размена во научно-техничка, образовната, културната, спортската област и новинарската дејност, краткорочен студиски престој и лекување, како и посета на роднини или познати (престој до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодавство на секоја држава)

* туристички патувања (престој до 30 дена, врз основа на оригинален договор за давање туристички услуги (ваучер) и потврда за прифаќање на странскиот турист од организацијата која врши туристичка дејност на територијата на другата држава

Во сите други случаи потребна е виза.

Од наплаќање на такси за издавање на виза се ослободени одредени категории на државјани на двете држави

– За носителите на патни исправи на ООН не е потребна виза.

– За сите држави, визите се издаваат единствено во ДКП на РМ во странство.

Скопје, 31 октомври 2008 година

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287