Ханиоти, бисерот на првиот крак, е мирен туристички град кој е лоциран во источниот дел на полуостровот Касандра, Халкидики – Грција. Се наоѓа на 89 км оддалеченост од Солун, 3 км од Пефкохори и 4 км од Полихроно. Населението официјално брои 968 жители, но овој број значително расте во текот на летниот период.

Ханиоти изобилува со убави паркови, таверни, кафетерии и ресторани. На 2 км јужно од Ханиоти се наоѓа популарната плажа и бар Молос Бич. Како туристичко место ни нуди изненадувачки релаксиран амбиент кој поради некоја причина е заразен и поради кој не сакаме да го напуштиме Ханиоти.

Иако е модерно место, централниот плоштад, улиците и традиционалниот стил не тераат да веруваме дека Ханиоти постои овде со децении. Посебно се истакнува со убава плажа до која нема густ сообраќај, а е додатно украсена со боров парк.

Ханиоти е едно од најпопуларните места за опуштање на полуостровот кое одговара за секоја возраст. Песочната плажата е навистина долга со песок кој има барем 25 сантиметри длабочина, а нежно завршува во мирното и бистро море. Од овде имате прекрасен поглед кон полуостровот Ситонија.

Ако сакате да имате нешто по кое ќе го паметите Ханиоти, овде се и продавниците за сувенири. Таму може да купите се од керамика, накит, облека и кожа. Најпознатиот локален специјалитет кој можете да го купите е медот кој се продава во неколкуте локални маркети.

За љубителите на адреналинот, Ханиоти нуди и плажи кои обезбедуваат активности на вода како сурфање на ветер, скијање на вода, парапловење, скуба нуркање и стандардните педалинки кои се одлични за да уживате во погледот од брановите. Исто така, во Ханиоти можете и да играте мини-голф и да возите картинг.

Ноќниот живот во Ханиоти е збогатен со барови и таверни, како и со поголемите настани кои се организирани и менаџирани од страна на луксузните хотели кои се наоѓаат овде.

Нашата понуда за Ханиоти може да ја погледнете на следниов линк.

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287