Златибор – Нова Година
Датуми
31.12.2026 – 03.01.2027
Локација
Златибор - Дрвенград - Врњачка Бања
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Локација
Златибор е една од најпознатите планински дестинации во Србија. Првото нешто што го привлекува вниманието е Златиборското Езеро, веднаш над него е Кралскиот Плоштад со големо шеталиште, а оттаму патот води до малиот трговски центар со бројни ресторани и бутици.
Аранжманот вклучува дочек на Новата 2027 година на Кралскиот Плоштад со богата музичка програма, посета на етно селото Дрвенград на Мокра Гора и попатна посета на Врњачка Бања.
Сместување
Сместување во хотелот „Vila Borova – Wellness & Spa resort“ 3*, модерен комплекс од апартмански тип, недалеку од строгиот центар на Златибор.
Во аранжманот се вклучени:
• 3 ноќевања
• појадок
• користење на базенот и спа центарот
Информации
Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотелот „Vila Borova – Wellness & Spa resort“ 3*
• користење на базенот и спа центарот во хотелот
• организирана посета на етно селото Дрвенград на Мокра Гора со вклучена влезница и локален водич
• посета на Врњачка Бања
• организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено:
• туристичка такса – 1,50 € по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
• патничко осигурување
Цени
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 € / 21.640 ден.
Плаќањето се врши во денарска противвредност.
Што се посетува
Првиот ден е слободен за индивидуални прошетки низ Златибор – покрај Златиборското Езеро, Кралскиот Плоштад и шеталиштето, до трговскиот центар со ресторани и бутици. Попладнето е предвидено за релаксација во спа центарот на хотелот: затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, арома туш и тропски дожд, парно купатило, финска сауна и фитнес центар, сето вклучено во цената.
Вечерта на 31 декември е организиран дочек на Новата 2027 година на Кралскиот Плоштад, со богата музичка програма и забава на отворено.
Првиот ден од Новата Година е слободен. Може да се вози Златната гондола, најдолгата панорамска гондола на светот, која на траса од девет километри го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината, со меѓустаница кај Рибничкото Езеро. Во непосредна близина на хотелскиот комплекс е и Дино паркот со над 30 реплики на диносауруси. Вечерта следува реприза на новогодишната забава на Кралскиот Плоштад.
На 2 јануари е предвидено заминување кон Мокра Гора, на ридот Меќавник, каде по замисла на режисерот Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Селото има влезна капија, главна улица, мала дрвена православна црква посветена на Свети Сава и плоштад поплочен со дрвени коцки, опколен со автентични брвнари пренесени од околните села – во нив се хотел, галерија, библиотека, подземна кино сала, слаткарница, национален ресторан и продавница со ракотворби. Улиците го носат името на Иво Андриќ, Че Гевара, Марадона, Чкаља и Новак Ѓоковиќ. Бриселската Фондација за архитектура ја прогласила оваа градба за најдобро архитектонско остварување во Европа во изминатите три години.
Последниот ден, на враќање кон Македонија, е предвидена попатна посета на Врњачка Бања, со слободно време за индивидуални прошетки.
Превоз
Превоз со туристички автобус. Заминување на групата од Кавадарци во 01:00 часот и од Скопје во 02:30 часот, преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување на Златибор во утринските часови.
Враќањето е на 3 јануари, со пристигнување во Македонија во вечерните часови.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.