Вила Пасалимани – Амулијани – Лето 2027

Термини

28.05.2027 – 24.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Амулијани, Халкидики – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Само 10 минути со траект од пристаништето Трипити до прекрасниот остров Амулијани – „рајот на Халкидики“.
• Површина од само 4,5 км² и околу 600 жители; тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади.
• Центарот на островот изобилува со ресторани со свежа риба, гиро, кафетерии, супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и рент-а-кар услуги.
• Градот Амулијани е на источната страна на островот; плажи: Мегали Амос, Св. Ѓорги, Вавос, Елефант Бич (исток), Фака, Карагација и Аликес Бич (запад и северозапад).

Сместување

Вилата „Пасалимани“ – поглед на море, е лоцирана во центарот на градот Амулијани со прекрасен поглед кон морето. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли, клима уред, ТВ, тераса со маса и столици и прекрасен поглед кон морската шир, и стандардно купатило со WC. Вилата има безжичен интернет; спроти вилата има паркинг што гостите го користат на принципот „прво слободно место“. Користењето на клима уредот и Wi-Fi е бесплатно.

• Апартман бр. 1 (1/3) – прв кат, до 3 лица, поглед на море. Има еден дупол кревет за 2 лица и еден поединечен кревет, плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, плотна со две рингли, фрижидер со комора и комплетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и WC. Излегува на тераса со маса и столици и прекрасен поглед на море.

Напомени и услови

• Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање
• Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Студијата имаат крпи, тоалетна хартија и сапун

Цени

ТерминНоќевањаАпартман 1/3 (бр. 1) – макс. 3 лица, поглед на море
28/05-04/067179 €
04/06-11/067289 €
11/06-18/067429 €
18/06-25/067489 €
25/06-02/077519 €
02/07-09/077599 €
09/07-16/077659 €
16/07-23/077679 €
23/07-30/077679 €
30/07-06/087679 €
06/08-13/087679 €
13/08-20/087679 €
20/08-27/087639 €
27/08-03/097529 €
03/09-10/097459 €
10/09-17/097269 €
17/09-24/097199 €

Околина

Вилата е во центарот на градот Амулијани, со прекрасен поглед кон море; спроти вилата има паркинг („прво слободно место“).

Превоз

• Превоз за возрасни – повратна карта: 60 €.
• Деца до 12 години – повратна карта: 40 €.
• Возрасни или деца – карта во еден правец: 40 €.
• Избор на прв ред седиште – доплата 20 €.
• Избор на седиште (освен прв ред) – доплата 10 €.
• Трансфер од Битола до Неготино – 30 € по лице (повратна карта).
• Трансфер од Прилеп до Неготино – 25 € по лице (повратна карта).
• Бродската карта (Трипити – Амулијани) се плаќа на лице место на бродот: 10 € за возрасни – повратна карта; 7 € за дете од 2 до 12 години – повратна карта.
Место и време на поаѓање (од датумот на поаѓање):
• Куманово – Бензинска пумпа Макпетрол, 03:00 часот наутро
• Скопје – Спортска сала Борис Трајковски, 04:00 часот наутро
• Велес – Мотел Македонија бенз. Мак. Оил, 04:30 часот наутро
• Кочани – Основен Суд, 03:15 часот наутро
• Штип – Нова Пошта, 04:00 часот наутро
• Неготино – Бензинска пумпа Макпетрол, 05:00 часот наутро
• Гевгелија – Бензинска пумпа Окта-Шимов, 06:00 часот наутро
• Прилеп – Бензинска пумпа Лукоил, 04:00 часот наутро
• Битола – Спортска сала, 03:15 часот наутро

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top