Вила Керион Студио – Скала Потамија – Лето 2027

Термини

28.05.2027 – 24.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Скала Потамија, Тасос – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг – по пат од околу 400 км и 30 минути со траект се пристигнува на Тасос.
• Зелен остров: комбинација на море и планина, со чисти песочни плажи, тиркизно сино море, борова шума, природна сенка и планински возвишенија.
• Ипсарион (1.204 мнв) е планината што се издига над плажата Скала Потамија и Голден Бич.
• Плажата Скала Потамија и Голден Бич се протега 3 км како една плажа и е означена со сино знаменце за чистота и квалитет.
• Кога сонцето ќе го достигне зенитот, плажата асоцира на злато.

Сместување

Вилата „Керион Студио“ е лоцирана во местото Скала Потамија, на околу 100 метри од плажа. Излегува на познатата плажа Голден Бич (златната плажа), која е воедно најголемата плажа на островот. Има сопствен паркинг за гостите, а за секое студио е обезбеден паркинг простор. Вилата располага со трикреветни студија, убаво опремени и чисти. Во непосредна близина на вилата има супермаркети, многу таверни и сувенирници. Користењето на паркингот и Wi-Fi е бесплатно; за клима уред се доплаќа 7 € од ноќ од соба.

• Студио бр. 4 (1/2) – високо приземје. Има еден дупол кревет, клима уред, плакар за алишта и комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор). Од кујната се излегува на тераса со страничен поглед кон море и убав двор полн со зеленило. Има стандардно купатило со WC.
• Студио бр. 5 (1/3) – прв спрат. Има еден дупол и еден поединечен кревет, клима уред, плакар за алишта и комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор). Од кујната се излегува на тераса со поглед кон убав двор полн со зеленило и поглед кон море. Има стандардно купатило со WC.
• Студио бр. 8 (1/3) – втор спрат. Има еден дупол кревет и еден поединечен кревет што се извлекува од под дуплиот, клима уред, плакар за алишта и комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор). Од кујната се излегува на тераса со поглед кон убав двор полн со зеленило и поглед кон море. Има стандардно купатило со WC.

Напомени и услови

• Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање
• Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Доплата за користење на клима уред: 7 € од ноќ од соба
• Студијата/апартманите имаат крпи за лице, тоалетна хартија и сапун; чистење 2 пати за престој од 7 дена

Цени

ТерминНоќевањаСтудио 1/2 (бр. 4)Студио 1/3 (бр. 5, 8)
28/05-04/067129 €149 €
04/06-11/067179 €189 €
11/06-18/067289 €329 €
18/06-25/067309 €349 €
25/06-02/077399 €439 €
02/07-09/077449 €479 €
09/07-16/077479 €519 €
16/07-23/077499 €539 €
23/07-30/077529 €579 €
30/07-06/087529 €579 €
06/08-13/087529 €579 €
13/08-20/087499 €579 €
20/08-27/087419 €479 €
27/08-03/097359 €399 €
03/09-10/097339 €359 €
10/09-17/097269 €289 €
17/09-24/097119 €139 €

Околина

Вилата е на околу 100 метри од плажата Голден Бич, на најголемата плажа на островот. Во непосредна близина има супермаркети, таверни и сувенирници.

Превоз

• Превоз за возрасни – повратна карта: 75 €.
• Деца до 12 години – повратна карта: 60 €.
• Возрасни или деца – карта во еден правец: 60 €.
• Бродска карта (траект) за возрасни – повратна карта: 20 €.
• Бродска карта (траект) за деца од 2 до 12 години – повратна карта: 15 €.
• Трансфер од Битола до Неготино – 30 € по лице (повратна карта).
• Трансфер од Прилеп до Неготино – 25 € по лице (повратна карта).
Место и време на поаѓање (од датумот на поаѓање):
• Куманово – Бензинска пумпа Макпетрол, 00:15 часот наутро
• Скопје – Спортска сала Борис Трајковски, 01:00 часот наутро
• Велес – Мотел Македонија бенз. Мак. Оил, 01:45 часот наутро
• Кочани – Основен Суд, 00:15 часот наутро
• Штип – Нова Пошта, 01:00 часот наутро
• Неготино – Бензинска пумпа Макпетрол, 02:15 часот наутро
• Гевгелија – Бензинска пумпа Окта-Шимов, 03:00 часот наутро
• Прилеп – Бензинска пумпа Лукоил, 00:45 часот наутро
• Битола – Спортска сала, 00:00 часот наутро

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top