Вила Лакис Сеа Вју – Ипсос – Лето 2027

Термини

05.06.2027 – 18.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Ипсос, Крф – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Крф е еден од најпознатите грчки острови во Јонското Море.
• Ипсос е живописно туристичко место на североисточниот брег на островот, со плажа, шеталиште, таверни, ресторани и барови.
• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија) и со траект од Игуменица до Крф.
• Паркингот на целиот остров е бесплатен.

Сместување

Вилата „Lakis Sea View“ се наоѓа на околу 500 метри од плажата во Ипсос, во близина на хотелите Corfu Secret и San Marco. Претставува совршен спој на природата, мирот и прекрасниот поглед од височина кон морето од една страна, а кон планината Пантократор од другата. Можете да уживате крај базенот опкружен со лежалки. Вилата располага со двокреветни соби и дуплекс апартмани; сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број лица, тоалет, плазма ТВ, тераса, интернет и клима (со доплата 7 € од ден). За секој гостин следува по еден голем и еден мал пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата располага со едно паркинг место, а може да се паркира и пред вилата. Сите соби се наоѓаат на прв спрат.

Напомени и услови

• Black Week: цените на попуст важат со целосна уплата на аранжманот до 28.11.2026
• Цените се по лице за 7 ноќевања со автобуски превоз; тргнувањето е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Во цената не е вклучена задолжителната туристичка такса од 2 € по соба на ден (14 € за целиот престој); се плаќа во автобус, а патниците со сопствен превоз ја плаќаат во агенцијата ( доколку дојде до промена на таксата од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани )
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Дете од 3 до 9,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 € за траект (придружувано од двајца возрасни)
• Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите; гостите влегуваат во исчистена соба и се грижат за хигиената и редот во вилата
• Според грчките закони базенот се користи од 09:00 до 20:00 часот; строго е забрането капење после 20:00 часот
• Клима уредот се користи со доплата од 7 € од ден
• За сингл соба се доплаќа 70% од редовната цена поради вториот кревет
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз
• За било каков отказ, без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок од 10 € по лице (административни трошоци настанати при правењето на резервацијата)
• Вилите немаат приватен паркинг; паркингот на целиот остров е бесплатен и може да се паркира на улиците пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти
• Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен (можност за baby cot – креветче за бебе)
• Check in во собите е после 15:00 часот по грчко време; check out е до 09:00 часот, а багажот се остава кај вилата
• Ве молиме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден, за да може да се смести групата која доаѓа
• Вилата има интернет, но агенцијата не гарантира за квалитетот и брзината на истиот
• За било каков отказ важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Цени

ТерминНоќевањаСтудио 1/2 SV (поглед кон море)Студио 1/2 SV (поглед кон море) – Black Week (до 28.11.2026)
05/06-12/067159 €–
12/06-19/067179 €–
19/06-26/067219 €–
26/06-03/077239 €–
03/07-10/077259 €–
10/07-17/077289 €–
17/07-24/077319 €–
24/07-31/077319 €249 €
31/07-07/087319 €249 €
07/08-14/087319 €249 €
14/08-21/087319 €249 €
21/08-28/087289 €219 €
28/08-04/097269 €–
04/09-11/097249 €–
11/09-18/097219 €–

Околина

Вилата е на околу 500 метри од плажата во Ипсос, во близина на хотелите Corfu Secret и San Marco, со базен и лежалки. На 200 метри е мини маркет, а на 250 метри автобуска станица.

Превоз

• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија), со можност за попатно собирање патници од Велес, Дреново, Прилеп и Битола.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Задолжителна доплата за траект Игуменица–Крф–Игуменица: 30 € по лице (се плаќа на денот на тргнувањето во автобус).
• Цена само за превоз: 80 € плус 30 € за траект (во два правци).
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; избор на седиште – доплата 20 € (освен првите две).
• За сопствен превоз се одземаат 20 € само од редовните цени, а од цените на попуст не се одземаат.
• Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top