Вила Михалис – Ипсос – Лето 2027

Термини

22.05.2027 – 09.10.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Ипсос, Крф – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Крф е еден од најпознатите грчки острови во Јонското Море.
• Ипсос е живописно туристичко место на североисточниот брег на островот, со плажа, шеталиште, таверни, ресторани и барови.
• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија) и со траект од Игуменица до Крф.
• Паркингот на целиот остров е бесплатен.

Сместување

Вилата „Михалис“ се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата и 20 метри од првиот мини маркет. Тоа е стандардно грчко сместување со двокреветни соби и можност за додавање трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија имаат мини кујна со основен прибор, решо за готвење, Wi-Fi (агенцијата не одговара за брзината и квалитетот), плазма ТВ (зависно од категоријата) и клима уред што се користи со доплата од 7 € од ден. Собите се на приземје, прв и втор спрат и сите имаат тераса, освен 4 еко студија. За секој патник следуваат два пешкири (еден голем и еден мал) и основните средства за хигиена (сапун, сунгерчиња, сјај за садови), додека тоалетната хартија, шампоните и фенот се ваша одговорност. Секоја соба има чадор за сонце. Бидејќи станува збор за апартманско сместување, вилата нема рецепција, luggage room ниту надворешен тоалет.

• Regular – стандардна соба со реновиран тоалет и кујна, ТВ (со локални ТВ и радио станици) – приземје и прв спрат.
• Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат, без телевизор.
• Economy без тераса – стандардни соби без тераса на втор спрат, без телевизор.

Напомени и услови

• Black Week: цените на попуст важат со целосна уплата на аранжманот до 28.11.2026
• Цените се по лице за 7 ноќевања со автобуски превоз; тргнувањето е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Во цената не е вклучена задолжителната туристичка такса од 2 € по соба на ден (14 € за целиот престој); се плаќа во автобус, а патниците со сопствен превоз ја плаќаат во агенцијата ( доколку дојде до промена на таксата од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани )
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30 € за траект
• Дете од 3 до 9,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, плус 20 € за траект
• Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се грижат за хигиената и редот во вилата; постелнината не се менува, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите
• Клима уредот се користи со доплата од 7 € од ден
• За сингл соба се доплаќа 70% од редовната цена поради вториот кревет
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз
• За било каков отказ, без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок од 10 € по лице (административни трошоци настанати при правењето на резервацијата)
• Вилите немаат приватен паркинг; паркингот на целиот остров е бесплатен и може да се паркира на улиците пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти
• Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен (можност за baby cot – креветче за бебе)
• Check in во собите е после 15:00 часот по грчко време; check out е до 09:00 часот, а багажот се остава кај вилата
• Ве молиме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден, за да може да се смести групата која доаѓа
• Вилата има интернет, но агенцијата не гарантира за квалитетот и брзината на истиот
• За било каков отказ важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Цени

ТерминНоќевањаRegular 1/2 (приземје/прв спрат)Regular 1/2 (приземје/прв спрат) – Black Week (до 28.11.2026)Economy 1/2 (втор спрат)Economy 1/2 (втор спрат) – Black Week (до 28.11.2026)Economy без тераса 1/2 (втор спрат)Economy без тераса 1/2 (втор спрат) – Black Week (до 28.11.2026)
22/05-29/05799 €69 €89 €59 €79 €49 €
29/05-05/067119 €79 €109 €69 €99 €59 €
05/06-12/067139 €99 €129 €89 €119 €79 €
12/06-19/067159 €129 €149 €119 €139 €109 €
19/06-26/067179 €139 €169 €129 €159 €119 €
26/06-03/077199 €159 €189 €149 €179 €139 €
03/07-10/077269 €219 €239 €199 €229 €189 €
10/07-17/077279 €229 €249 €209 €219 €199 €
17/07-24/077279 €229 €249 €209 €219 €199 €
24/07-31/077279 €229 €249 €209 €219 €199 €
31/07-07/087279 €229 €249 €209 €219 €199 €
07/08-14/087279 €229 €249 €209 €219 €199 €
14/08-21/087279 €229 €249 €209 €219 €199 €
21/08-28/087239 €189 €209 €169 €199 €159 €
28/08-04/097229 €189 €209 €169 €199 €159 €
04/09-11/097189 €149 €179 €139 €169 €129 €
11/09-18/097169 €129 €159 €119 €149 €109 €
18/09-25/097159 €109 €149 €99 €139 €89 €
25/09-02/107119 €89 €109 €79 €99 €69 €
02/10-09/10799 €69 €89 €59 €79 €49 €

Околина

Вилата е во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата и 20 метри од првиот мини маркет.

Превоз

• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија), со можност за попатно собирање патници од Велес, Дреново, Прилеп и Битола.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Задолжителна доплата за траект Игуменица–Крф–Игуменица: 30 € по лице (се плаќа на денот на тргнувањето во автобус).
• Цена само за превоз: 80 € плус 30 € за траект (во два правци).
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; избор на седиште – доплата 20 € (освен првите две).
• За сопствен превоз се одземаат 20 € само од редовните цени, а од цените на попуст не се одземаат.
• Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top