Вила Мина Лукс – Ипсос – Лето 2027

Термини

22.05.2027 – 02.10.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Ипсос, Крф – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Крф е еден од најпознатите грчки острови во Јонското Море.
• Ипсос е живописно туристичко место на североисточниот брег на островот, со плажа, шеталиште, таверни, ресторани и барови.
• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија) и со траект од Игуменица до Крф.
• Паркингот на целиот остров е бесплатен.

Сместување

Вилата „Мина Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата, со сопствен двор, и се состои од две згради. Има базен со лежалки (бесплатно) и располага со дво- и трокреветни студија и четири- и петкреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број лица, тоалет, ТВ (со локални ТВ и радио станици), клима (со доплата по желба) и балкони кон базенот, како и Wi-Fi (агенцијата не одговара за брзината и квалитетот). За секој патник следуваат два пешкири (еден мал и еден голем) и основните лични средства за хигиена (сапуни, сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија).

• Приземје: соби 1, 2 и 3 се дуплекс апартмани со две спални соби и голема тераса што се протега по двете соби; едната спална е одвоена со врата, другата од кујната и трпезаријата е одвоена со шанк; тоалетот е одвоен. Соба 11 е трокреветно студио (два кревета со стандардна големина и трет со помала димензија 190×60 см, погоден за возрасно лице) со кујна, тоалет и тераса кон базенот. Соба 12 е стандардно двокреветно студио со кујна, тоалет и тераса со поглед на базенот.
• Прв спрат: соби 4, 5 и 6 се дуплекс апартмани со две спални соби (секоја со своја врата) и две посебни тераси кон базенот, одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот; можност за петти кревет (помал, 190×60 см, погоден и за возрасно лице). Соба 14 е двокреветна, со кујна во една и спална во друга просторија, со излез на тераса со поглед на базенот. Соба 15 е трокреветна, со кујна (со еден стандарден кревет) и спална соба што излегува на тераса со поглед на базенот.
• Втор спрат: соби 7, 8 и 9 се дуплекс апартмани со две спални соби (секоја со своја врата) и две посебни тераси кон базенот, одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот; можност за петти кревет (190×60 см).

Напомени и услови

• Black Week: цените на попуст важат со целосна уплата на аранжманот до 28.11.2026
• Цените се по лице за 7 ноќевања со автобуски превоз; тргнувањето е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Во цената не е вклучена задолжителната туристичка такса од 2 € по соба на ден (14 € за целиот престој); се плаќа во автобус, а патниците со сопствен превоз ја плаќаат во агенцијата ( доколку дојде до промена на таксата од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани )
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30 € за траект
• Дете од 3 до 9,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 € за траект (придружувано од двајца возрасни)
• Дете од 3 до 9,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, плус 20 € за траект
• Петтиот кревет е со димензии 190×60 см и се плаќа 50% од сумата
• Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите; гостите влегуваат во исчистена соба и се грижат за хигиената и редот во вилата
• Според грчките закони базенот се користи од 10:00 до 20:00 часот; строго е забрането капење после 20:00 часот
• Доколку сакате да донесете домашно милениче, прашајте ја агенцијата дали е дозволено
• Клима по желба: во студијата 5 € од ден, во дуплексите 10 € од ден
• За сингл соба се доплаќа 70% од редовната цена поради вториот кревет
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз
• За било каков отказ, без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок од 10 € по лице (административни трошоци настанати при правењето на резервацијата)
• Вилите немаат приватен паркинг; паркингот на целиот остров е бесплатен и може да се паркира на улиците пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти
• Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен (можност за baby cot – креветче за бебе)
• Check in во собите е после 15:00 часот по грчко време; check out е до 09:00 часот, а багажот се остава кај вилата
• Ве молиме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден, за да може да се смести групата која доаѓа
• Вилата има интернет, но агенцијата не гарантира за квалитетот и брзината на истиот
• За било каков отказ важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Цени

ТерминНоќевањаДуплекс 1/4–1/5Дуплекс 1/4–1/5 – Black Week (до 28.11.2026)Студио 1/3–1/2Студио 1/3–1/2 – Black Week (до 28.11.2026)
22/05-29/057129 €79 €149 €95 €
29/05-05/067139 €89 €159 €105 €
05/06-12/067149 €99 €169 €115 €
12/06-19/067169 €109 €189 €135 €
19/06-26/067189 €129 €209 €155 €
26/06-03/077219 €169 €249 €199 €
03/07-10/077239 €179 €269 €209 €
10/07-17/077269 €199 €299 €229 €
17/07-24/077299 €239 €329 €259 €
24/07-31/077299 €239 €329 €259 €
31/07-07/087299 €239 €329 €259 €
07/08-14/087299 €239 €329 €259 €
14/08-21/087299 €239 €329 €259 €
21/08-28/087269 €199 €299 €229 €
28/08-04/097249 €189 €279 €219 €
04/09-11/097229 €159 €259 €189 €
11/09-18/097199 €129 €229 €159 €
18/09-25/097189 €119 €209 €129 €
25/09-02/107149 €99 €169 €109 €

Околина

Вилата е на 150 метри од плажата, со сопствен двор, две згради и базен со лежалки (бесплатно).

Превоз

• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија), со можност за попатно собирање патници од Велес, Дреново, Прилеп и Битола.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Задолжителна доплата за траект Игуменица–Крф–Игуменица: 30 € по лице (се плаќа на денот на тргнувањето во автобус).
• Цена само за превоз: 80 € плус 30 € за траект (во два правци).
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; избор на седиште – доплата 20 € (освен првите две).
• За сопствен превоз се одземаат 20 € само од редовните цени, а од цените на попуст не се одземаат.
• Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top