Вила Мина Лукс – Ипсос – Лето 2027





Термини
22.05.2027 – 02.10.2027 (смени од по 7 ноќевања)
Локација
Ипсос, Крф – Грција
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Интересни факти
• Крф е еден од најпознатите грчки острови во Јонското Море.
• Ипсос е живописно туристичко место на североисточниот брег на островот, со плажа, шеталиште, таверни, ресторани и барови.
• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија) и со траект од Игуменица до Крф.
• Паркингот на целиот остров е бесплатен.
Сместување
Вилата „Мина Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата, со сопствен двор, и се состои од две згради. Има базен со лежалки (бесплатно) и располага со дво- и трокреветни студија и четири- и петкреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број лица, тоалет, ТВ (со локални ТВ и радио станици), клима (со доплата по желба) и балкони кон базенот, како и Wi-Fi (агенцијата не одговара за брзината и квалитетот). За секој патник следуваат два пешкири (еден мал и еден голем) и основните лични средства за хигиена (сапуни, сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија).
• Приземје: соби 1, 2 и 3 се дуплекс апартмани со две спални соби и голема тераса што се протега по двете соби; едната спална е одвоена со врата, другата од кујната и трпезаријата е одвоена со шанк; тоалетот е одвоен. Соба 11 е трокреветно студио (два кревета со стандардна големина и трет со помала димензија 190×60 см, погоден за возрасно лице) со кујна, тоалет и тераса кон базенот. Соба 12 е стандардно двокреветно студио со кујна, тоалет и тераса со поглед на базенот.
• Прв спрат: соби 4, 5 и 6 се дуплекс апартмани со две спални соби (секоја со своја врата) и две посебни тераси кон базенот, одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот; можност за петти кревет (помал, 190×60 см, погоден и за возрасно лице). Соба 14 е двокреветна, со кујна во една и спална во друга просторија, со излез на тераса со поглед на базенот. Соба 15 е трокреветна, со кујна (со еден стандарден кревет) и спална соба што излегува на тераса со поглед на базенот.
• Втор спрат: соби 7, 8 и 9 се дуплекс апартмани со две спални соби (секоја со своја врата) и две посебни тераси кон базенот, одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот; можност за петти кревет (190×60 см).
Напомени и услови
• Black Week: цените на попуст важат со целосна уплата на аранжманот до 28.11.2026
• Цените се по лице за 7 ноќевања со автобуски превоз; тргнувањето е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Во цената не е вклучена задолжителната туристичка такса од 2 € по соба на ден (14 € за целиот престој); се плаќа во автобус, а патниците со сопствен превоз ја плаќаат во агенцијата ( доколку дојде до промена на таксата од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани )
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30 € за траект
• Дете од 3 до 9,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 € за траект (придружувано од двајца возрасни)
• Дете од 3 до 9,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, плус 20 € за траект
• Петтиот кревет е со димензии 190×60 см и се плаќа 50% од сумата
• Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите; гостите влегуваат во исчистена соба и се грижат за хигиената и редот во вилата
• Според грчките закони базенот се користи од 10:00 до 20:00 часот; строго е забрането капење после 20:00 часот
• Доколку сакате да донесете домашно милениче, прашајте ја агенцијата дали е дозволено
• Клима по желба: во студијата 5 € од ден, во дуплексите 10 € од ден
• За сингл соба се доплаќа 70% од редовната цена поради вториот кревет
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз
• За било каков отказ, без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок од 10 € по лице (административни трошоци настанати при правењето на резервацијата)
• Вилите немаат приватен паркинг; паркингот на целиот остров е бесплатен и може да се паркира на улиците пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти
• Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен (можност за baby cot – креветче за бебе)
• Check in во собите е после 15:00 часот по грчко време; check out е до 09:00 часот, а багажот се остава кај вилата
• Ве молиме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден, за да може да се смести групата која доаѓа
• Вилата има интернет, но агенцијата не гарантира за квалитетот и брзината на истиот
• За било каков отказ важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
Цени
| Термин | Ноќевања | Дуплекс 1/4–1/5 | Дуплекс 1/4–1/5 – Black Week (до 28.11.2026) | Студио 1/3–1/2 | Студио 1/3–1/2 – Black Week (до 28.11.2026) |
|---|---|---|---|---|---|
| 22/05-29/05 | 7 | 129 € | 79 € | 149 € | 95 € |
| 29/05-05/06 | 7 | 139 € | 89 € | 159 € | 105 € |
| 05/06-12/06 | 7 | 149 € | 99 € | 169 € | 115 € |
| 12/06-19/06 | 7 | 169 € | 109 € | 189 € | 135 € |
| 19/06-26/06 | 7 | 189 € | 129 € | 209 € | 155 € |
| 26/06-03/07 | 7 | 219 € | 169 € | 249 € | 199 € |
| 03/07-10/07 | 7 | 239 € | 179 € | 269 € | 209 € |
| 10/07-17/07 | 7 | 269 € | 199 € | 299 € | 229 € |
| 17/07-24/07 | 7 | 299 € | 239 € | 329 € | 259 € |
| 24/07-31/07 | 7 | 299 € | 239 € | 329 € | 259 € |
| 31/07-07/08 | 7 | 299 € | 239 € | 329 € | 259 € |
| 07/08-14/08 | 7 | 299 € | 239 € | 329 € | 259 € |
| 14/08-21/08 | 7 | 299 € | 239 € | 329 € | 259 € |
| 21/08-28/08 | 7 | 269 € | 199 € | 299 € | 229 € |
| 28/08-04/09 | 7 | 249 € | 189 € | 279 € | 219 € |
| 04/09-11/09 | 7 | 229 € | 159 € | 259 € | 189 € |
| 11/09-18/09 | 7 | 199 € | 129 € | 229 € | 159 € |
| 18/09-25/09 | 7 | 189 € | 119 € | 209 € | 129 € |
| 25/09-02/10 | 7 | 149 € | 99 € | 169 € | 109 € |
Околина
Вилата е на 150 метри од плажата, со сопствен двор, две згради и базен со лежалки (бесплатно).
Превоз
• Превозот е со автобус преку Битола (граничен премин Меџитлија), со можност за попатно собирање патници од Велес, Дреново, Прилеп и Битола.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Задолжителна доплата за траект Игуменица–Крф–Игуменица: 30 € по лице (се плаќа на денот на тргнувањето во автобус).
• Цена само за превоз: 80 € плус 30 € за траект (во два правци).
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; избор на седиште – доплата 20 € (освен првите две).
• За сопствен превоз се одземаат 20 € само од редовните цени, а од цените на попуст не се одземаат.
• Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.