Вила Димитра – Никити – Лето 2027

Термини

23.05.2027 – 26.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Никити, Ситонија – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Никити е туристичко место на западната страна на вториот крак на Халкидики – Ситонија, на околу 100 км југоисточно од Солун.
• Плажа во залив што гледа кон првиот крак, кон Калитеа.
• Секоја година се одржува пливачки маратон од Калитеа до Никити, долг 24 км.
• Долги прошетки покрај плажата со многу ресторани, сувенирници и детски забавни паркови; во близина се супермаркетите Лидл и Масутис.

Сместување

Вилата „Димитра“ се наоѓа во Никити, на 250 метри од плажа. Идеална е за одмор: има простран двор со трева, цвеќиња и палми, а во дворот има скара достапна за користење на гостите, во зависност од препораките за заштита од пожари од страна на локалните власти. Во непосредна близина се супермаркетите Лидл и Масутис. Вилата располага со трикреветни апартмани, а во еден од нив има можност за дополнителен кревет. Користењето на паркинг, клима уред и Wi-Fi е бесплатно.

• Апартмани бр. 2, 3 и 4 Алфа (1/2+1/1) – 3 лица (прв кат). Две простории без врата меѓу нив: првата е комплетно опремена кујна (решо со две рингли, аспиратор, фрижидер) со 1 поединечен кревет, а втората има 2 поединечни кревети, плакар за алишта, ТВ и клима и излегува на тераса со маса, столици и тенда, со поглед во градината. Комарници и ролетни на прозорите. Стандардно купатило со вц.
• Апартман бр. 1 Вита (1/2+1/1+1) – 4 лица (втор кат). Две простории без врата меѓу нив: првата е комплетно опремена кујна со 1 поединечен кревет, а втората има 2 поединечни кревети со можност за дополнителен кревет, плакар за алишта, ТВ и клима и излегува на тераса со маса, столици и тенда, со поглед во градината. Комарници и ролетни на прозорите. Стандардно купатило со вц.
• Апартман бр. 2 Вита (1/2+1/1) – 3 лица (втор кат). Две простории без врата меѓу нив: првата е комплетно опремена кујна со 1 поединечен кревет, а втората има 2 поединечни кревети, плакар за алишта, ТВ и клима и излегува на тераса со маса, столици и тенда, со поглед во градината. Комарници и ролетни на прозорите. Стандардно купатило со вц.

Напомени и услови

• Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање
• Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Користењето на паркинг, клима уред и Wi-Fi е бесплатно.
• Апартманите имаат крпи, сапун и тоалетна хартија.

Цени

ТерминНоќевањаАпартман (Алфа бр. 2, 3, 4; Вита бр. 1, 2) – макс. 3 лица + 1
23/05-30/057129 €
30/05-06/067159 €
06/06-13/067179 €
ТерминНоќевањаАпартман (Алфа бр. 2, 3, 4; Вита бр. 1, 2) – макс. 3 лица + 1
13/06-20/067439 €
20/06-27/067489 €
27/06-04/077509 €
04/07-11/077559 €
11/07-18/077559 €
18/07-25/077619 €
25/07-01/087619 €
01/08-08/087619 €
08/08-15/087619 €
15/08-22/087579 €
22/08-29/087539 €
ТерминНоќевањаАпартман (Алфа бр. 2, 3, 4; Вита бр. 1, 2) – макс. 3 лица + 1
29/08-05/097219 €
05/09-12/097189 €
12/09-19/097179 €
19/09-26/097139 €

Околина

Вилата е на 250 метри од плажа во Никити, со простран двор со трева, цвеќиња и палми и скара за гостите.

Превоз

• Превоз за возрасни – повратна карта: 60 €.
• Деца до 12 години – повратна карта: 40 €.
• Возрасни или деца – карта во еден правец: 40 €.
• Избор на прв ред седиште – доплата 20 €.
• Избор на седиште (освен прв ред) – доплата 10 €.
• Трансфер од Битола до Неготино – 30 € по лице (повратна карта).
• Трансфер од Прилеп до Неготино – 25 € по лице (повратна карта).
Место и време на поаѓање (од датумот на поаѓање):
• Куманово – Бензинска пумпа Макпетрол, 03:00 часот наутро
• Скопје – Спортска сала Борис Трајковски, 04:00 часот наутро
• Велес – Мотел Македонија бенз. Мак. Оил, 04:30 часот наутро
• Кочани – Основен Суд, 03:15 часот наутро
• Штип – Нова Пошта, 04:00 часот наутро
• Неготино – Бензинска пумпа Макпетрол, 05:00 часот наутро
• Гевгелија – Бензинска пумпа Окта-Шимов, 06:00 часот наутро
• Прилеп – Бензинска пумпа Лукоил, 04:00 часот наутро
• Битола – Спортска сала, 03:15 часот наутро

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top