Апартхотел Лазаридис – Неа Рода – Лето 2027

Термини

29.05.2027 – 25.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Рода, Халкидики – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Живописно приморско село на полуостровот Атос, во североисточниот дел на Халкидики.
• Позната по долгата песочна плажа, чистото море и Плавото знаме за чистота.
• Симпатично рибарско пристаниште опкружено со грчки таверни.
• Поплочени тесни улички со традиционални камени куќи, барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта и аптека.

Сместување

Апартхотелот „Лазаридис“ се наоѓа на околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, на третиот крак Атос. Хотелот од апартмански тип располага со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот; во спротивно сопственикот има право да го исклучи. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со бојлери, а објектот е покриен со безжичен интернет. Во непосредна близина има простор за паркирање на возила. Апартхотелот има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости; можен е појадок (со доплата на рецепција). Во студијата можат да се сместат најмногу 3 лица – двајца возрасни и дете до 12 години; не е дозволено сместување на 4 лица (двајца возрасни и две деца), без оглед на возраста на децата.

• Студио бр. 31 (поглед на море) – двокреветно студио на прв спрат со еден дупол кревет, мебел, телевизор и клима уред. Во истата просторија се елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Купатило со сопствен бојлер. Тераса со нормална големина, со пластична маса и столчиња и поглед на море.
• Студија бр. 41 и 42 (1/2+1, поглед на море) – двокреветни студија на високо приземје со еден дупол кревет и еден помошен кревет со нормални димензии. Опремени се со мебел, телевизор, клима уред и кујна во истата просторија (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови). Купатило со сопствен бојлер. Тераса со нормална големина, со пластична маса и столчиња, поглед на море (бр. 42 и прекрасно природно опкружување). Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.
• Студија бр. 43 и 44 (1/2+1, поглед на море) – двокреветни студија на прв спрат со еден дупол кревет и еден помошен кревет со нормални димензии, со иста опрема како бр. 41 и 42. Тераса со нормална големина, со пластична маса и столчиња, поглед на море и прекрасно природно опкружување.

Напомени и услови

• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Попуст за рана резервација: 20% за првите три и последните три смени и 10% за сите останати смени (цените во табелата се без пресметан попуст)
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09:00 часот по локално време
• Сместувачките капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена

Цени

ТерминНоќевањаСтудио 1/2Студио 1/2+1
29/05-05/067200 €230 €
05/06-12/067235 €265 €
12/06-19/067270 €300 €
19/06-26/067340 €370 €
26/06-03/077410 €440 €
03/07-10/077480 €510 €
10/07-17/077550 €580 €
17/07-24/077580 €620 €
24/07-31/077580 €620 €
31/07-07/087580 €620 €
07/08-14/087580 €620 €
14/08-21/087580 €620 €
21/08-28/087520 €550 €
28/08-04/097390 €420 €
04/09-11/097280 €310 €
11/09-18/097235 €265 €
18/09-25/097200 €230 €

Околина

Апартхотелот е на околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода; до центарот има десетина минути бавно пешачење. Во близина е плажата „Voulitsa“, а на 4,5 км е песочната плажа „Komitsa“.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top