Вила Магио Студиос – Неос Мармарас – Лето 2027





Термини
16.05.2027 – 26.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)
Локација
Неа Мармарас, Ситонија – Грција
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Интересни факти
• Најголемото туристичко место на Ситонија.
• Плажа со ситен песок и постепено задлабочување, одликувана со плаво знаменце.
• Пристаниште со рибарски и туристички бродови и многу таверни покрај крајбрежјето.
• Во близина е комплексот Порто Карас, а зад местото се издигнува планината Итамос.
Сместување
Вилата „Магио Студиос“ се наоѓа на само 50 метри од брегот и на околу 130 метри од првите плажи на најголемата и најубавата градска плажа во Неос Мармарас. На приземјето од вилата има добро опремен супермаркет, а на неколку чекори се Магио пекарата и таверна за гиро. Во непосредна близина има и продавници за сувенири, слаткарници, ресторани и барови.
Студијата се наоѓаат на првиот и на вториот кат и се состојат од француски кревет со димензии 200×140 см или два стандардни единечни кревети, ТВ/САТ, клима уред (користењето е бесплатно), ноќна масичка, гардеробер, како и кујнски простор целосно опремен со садови, шпорет со две плочи, фрижидер и вентилатор. Бањите имаат туш и тоалет.
• Студио бр. 102 – двокреветно, прв спрат, брачен кревет, страничен поглед на море.
• Студио бр. 104 – двокреветно, прв спрат, брачен кревет, страничен поглед на море.
• Студио бр. 202 – двокреветно, втор спрат, брачен кревет, директен поглед на море.
• Студио бр. 204 – двокреветно, втор спрат, брачен кревет, страничен поглед на море.
Напомени и услови
• Во цената е вклучено: сместување за 7 ноќи (наем) и клима уред. Не е вклучено: патничко осигурување, туристичка такса по соба и превоз
• Black Friday: попустите важат исклучиво при целосна уплата на аранжманот, до 30.11.2026
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
• Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети; над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 5,99 години
• За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст; попустите не се комбинираат
• Кога цените се ПРОМО, при уплата на два последователни термини се пресметуваат две промо цени
• Организаторот на патувањето го задржува правото на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од објавените во ценовникот
• Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената
• Сместувањето е по 14:00 часот по локално време, а напуштањето е до 09:00 часот
• По завршување на летувањето должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба; евентуална штета се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата
• Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот)
• Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради што не може да се направи промена на термин
• За ова патување важат општите услови на Т.А. Екстра Бус
• Во случај на промена на патник се задржуваат 15 евра од направената уплата
Цени
| Термин | Ноќевања | Студио 1/2 | Студио 1/2 – Black Friday (до 30.11.2026) |
|---|---|---|---|
| 16/05-23/05 | 7 | 299 € | 209 € |
| 23/05-30/05 | 7 | 375 € | 263 € |
| 30/05-06/06 | 7 | 524 € | 367 € |
| 06/06-13/06 | 7 | 671 € | 470 € |
| 13/06-20/06 | 7 | 899 € | 764 € |
| 20/06-27/06 | 7 | 959 € | 815 € |
| 27/06-04/07 | 7 | 929 € | 790 € |
| 04/07-11/07 | 7 | 998 € | 798 € |
| 11/07-18/07 | 7 | 1032 € | 826 € |
| 18/07-25/07 | 7 | 1109 € | 943 € |
| 25/07-01/08 | 7 | 1109 € | 943 € |
| 01/08-08/08 | 7 | 1169 € | 1052 € |
| 08/08-15/08 | 7 | 1169 € | 1052 € |
| 15/08-22/08 | 7 | 1169 € | 1052 € |
| 22/08-29/08 | 7 | 1109 € | 998 € |
| 29/08-05/09 | 7 | 884 € | 619 € |
| 05/09-12/09 | 7 | 671 € | 470 € |
| 12/09-19/09 | 7 | 479 € | 335 € |
| 19/09-26/09 | 7 | 344 € | 241 € |
Околина
Вилата е на 50 метри од брегот и на околу 130 метри од првите плажи на градската плажа во Неос Мармарас; на приземјето има супермаркет, а во близина пекара, таверни, продавници за сувенири, слаткарници, ресторани и барови.
Превоз
• Превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија – возрасни: повратна карта 60 €; во еден правец 55 €.
• Деца до 11,99 години: повратна карта 50 €; во еден правец 45 €.