Вила Диолкос Апартментс – Неа Рода – Лето 2027

Термини

14.05.2027 – 24.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Рода, Халкидики – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Живописно приморско село на полуостровот Атос, во североисточниот дел на Халкидики.
• Позната по долгата песочна плажа, чистото море и Плавото знаме за чистота.
• Симпатично рибарско пристаниште опкружено со грчки таверни.
• Поплочени тесни улички со традиционални камени куќи, барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта и аптека.

Сместување

Вилата „Диолкос Апартментс“ е модерна вила, лоцирана на прв ред на плажа во Неа Рода. Студиото и апартманот се целосно опремени со потребниот кујнски инвентар, мал фрижидер и шпорет со две рингли и се комотни за престој. Секое студио или апартман има клима уред и ТВ, стандардно купатило и WC. Вилата има безжичен интернет. Користењето на паркингот, клима уредот и Wi-Fi е бесплатно.

• Студио бр. 1 (1/2+1) – макс. 3 лица, прв спрат, директен поглед на море. Во собата има два поединечни стандардни кревети за 2 возрасни лица и еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 години, и плакар за алишта. Во истата соба е кујната, опремена со комплетен кујнски инвентар, мини шпорет со 2 рингли, аспиратор, мал фрижидер со комора и клима уред. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици и директен поглед на море. Има сопствено купатило и WC. Прозорите се опремени со мрежи за комарци и ролетни.
• Апартман бр. 4 (1/2+1/2) – макс. 4 лица, прв спрат. Во спалната соба има еден дупол кревет и клима уред. Кујната има два поединечни стандардни кревети и е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, мал фрижидер со комора, комплетен кујнски инвентар, клима уред и плакар за алишта; од кујната се излегува на тераса. Има сопствено купатило и WC. Прозорите се опремени со мрежи за комарци и ролетни.

Напомени и услови

• Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање
• Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане
• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Студиото и апартманот имаат крпи, тоалетна хартија и сапун

Цени

ТерминНоќевањаСтудио (бр. 1) – макс. 3 лица, поглед на мореАпартман (бр. 4) – макс. 4 лица
14/05-21/05779 €89 €
21/05-28/05789 €99 €
28/05-04/067129 €139 €
04/06-11/067159 €169 €
ТерминНоќевањаСтудио (бр. 1) – макс. 3 лица, поглед на мореАпартман (бр. 4) – макс. 4 лица
11/06-18/067499 €529 €
18/06-25/067569 €589 €
25/06-02/077639 €649 €
02/07-09/077679 €689 €
09/07-16/077699 €719 €
16/07-23/077709 €739 €
23/07-30/077709 €739 €
30/07-06/087709 €739 €
06/08-13/087709 €739 €
13/08-20/087699 €739 €
20/08-27/087679 €699 €
ТерминНоќевањаСтудио (бр. 1) – макс. 3 лица, поглед на мореАпартман (бр. 4) – макс. 4 лица
27/08-03/097289 €299 €
03/09-10/097199 €239 €
10/09-17/097159 €169 €
17/09-24/097109 €119 €

Околина

Вилата е на прв ред на плажа во живописното село Неа Рода.

Превоз

• Превоз за возрасни – повратна карта: 60 €.
• Деца до 12 години – повратна карта: 40 €.
• Возрасни или деца – карта во еден правец: 40 €.
• Избор на прв ред седиште – доплата 20 €.
• Избор на седиште (освен прв ред) – доплата 10 €.
• Трансфер од Битола до Неготино – 30 € по лице (повратна карта).
• Трансфер од Прилеп до Неготино – 25 € по лице (повратна карта).
Место и време на поаѓање (од датумот на поаѓање):
• Куманово – Бензинска пумпа Макпетрол, 03:00 часот наутро
• Скопје – Спортска сала Борис Трајковски, 04:00 часот наутро
• Велес – Мотел Македонија бенз. Мак. Оил, 04:30 часот наутро
• Кочани – Основен Суд, 03:15 часот наутро
• Штип – Нова Пошта, 04:00 часот наутро
• Неготино – Бензинска пумпа Макпетрол, 05:00 часот наутро
• Гевгелија – Бензинска пумпа Окта-Шимов, 06:00 часот наутро
• Прилеп – Бензинска пумпа Лукоил, 04:00 часот наутро
• Битола – Спортска сала, 03:15 часот наутро

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top