Вила Лена – Неа Рода – Лето 2027

Термини

29.05.2027 – 25.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Рода, Халкидики – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Живописно приморско село на полуостровот Атос, во североисточниот дел на Халкидики.
• Позната по долгата песочна плажа, чистото море и Плавото знаме за чистота.
• Симпатично рибарско пристаниште опкружено со грчки таверни.
• Поплочени тесни улички со традиционални камени куќи, барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта и аптека.

Сместување

Вилата „Лена“ се наоѓа на околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Лазаридис“. Во вилата има двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот; во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Сите имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.

• Апартман бр. 1 (1/4) – четирикреветен апартман на приземје со две простории. Во првата соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, ТВ и клима, и излез на тераса. Од неа се влегува во втората соба, издвоена со лизгачка врата, со два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса со поглед кон улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
• Студио бр. 2 (1/3) – трокреветно студио на приземје со еден дупол и еден единечен кревет со нормална големина, мебел, ТВ и клима. Во истата просторија е кујната, опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса со поглед кон улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
• Апартман бр. 3 (1/5) – простран петкреветен апартман на приземје со две простории одделени со лизгачка врата. Во првата соба има три единечни кревети, мебел, ТВ и клима, како и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење; излез на тераса со поглед кон улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Од неа се влегува во втората спална соба со два единечни кревети и мебел, со излез на тераса со страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.

Напомени и услови

• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Попуст за рана резервација и целосна уплата заклучно со 25.12.2026: 20% попуст за првите три и последните три смени и 10% попуст за сите останати смени (цените во табелата се без пресметан попуст)
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09:00 часот по локално време
• Сместувачките капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена

Цени

ТерминНоќевањаСтудио 1/3 (бр. 2)Апартман 1/4 (бр. 1)Апартман 1/5 (бр. 3)
29/05-05/067210 €280 €315 €
05/06-12/067245 €315 €350 €
12/06-19/067280 €350 €385 €
19/06-26/067350 €420 €455 €
26/06-03/077420 €490 €525 €
03/07-10/077490 €560 €595 €
10/07-17/077560 €630 €665 €
17/07-24/077600 €670 €705 €
24/07-31/077600 €670 €705 €
31/07-07/087600 €670 €705 €
07/08-14/087600 €670 €705 €
14/08-21/087600 €670 €705 €
21/08-28/087530 €600 €635 €
28/08-04/097400 €470 €505 €
04/09-11/097290 €360 €395 €
11/09-18/097245 €315 €350 €
18/09-25/097210 €280 €315 €

Околина

Вилата е на околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот „Лазаридис“. Паркинг веднаш пред вилата.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top