Вила Мариа Пашалиду – Неа Рода – Лето 2027

Термини

29.05.2027 – 25.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Рода, Халкидики – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Живописно приморско село на полуостровот Атос, во североисточниот дел на Халкидики.
• Позната по долгата песочна плажа, чистото море и Плавото знаме за чистота.
• Симпатично рибарско пристаниште опкружено со грчки таверни.
• Поплочени тесни улички со традиционални камени куќи, барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта и аптека.

Сместување

Вилата „Мариа Пашалиду“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата има трокреветни апартмани на прв и на втор спрат и петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот; во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Сите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

• Апартмани бр. 3 и бр. 5 (1/3) – прв спрат, и бр. 2 и бр. 5 (1/3) – втор спрат. Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Во просторот пред спалната соба, на самиот влез, се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на пространа тераса со пластична маса и столчиња и директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.
• Дуплекс бр. 6 (1/5) – прв спрат. Петкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби и целосно издвоена кујна. На самиот влез е поставен клима уредот. Во првата просторија е кујната, опремена со мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Втората просторија е спална соба со еден дупол кревет, гардеробер и телевизор, со излез на долга тераса со пластични маси и столчиња и страничен поглед кон морето. Во третата просторија има уште една спална соба со три единечни кревети, гардеробер и телевизор, со излез на истата тераса, заштитена со тенда. Купатилото е со нормална големина, опремено е со када.

Напомени и услови

• Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Попуст за рана резервација и целосна уплата заклучно со 25.12.2026: 20% попуст за првите три и последните три смени и 10% попуст за сите останати смени (цените во табелата се без пресметан попуст)
• За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот
• Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање
• Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба
• Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги
• Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
• Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија
• Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета
• Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата
• Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета )
• Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09:00 часот по локално време
• Сместувачките капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена

Цени

ТерминНоќевањаАпартман 1/3Дуплекс апартман 1/5 (бр. 6)
29/05-05/067245 €350 €
05/06-12/067315 €420 €
12/06-19/067385 €490 €
19/06-26/067455 €560 €
26/06-03/077525 €630 €
03/07-10/077595 €700 €
10/07-17/077665 €805 €
17/07-24/077735 €875 €
24/07-31/077735 €875 €
31/07-07/087735 €875 €
07/08-14/087735 €875 €
14/08-21/087735 €875 €
21/08-28/087665 €805 €
28/08-04/097525 €630 €
04/09-11/097385 €490 €
11/09-18/097315 €420 €
18/09-25/097245 €350 €

Околина

Вилата е на само 20 метри од плажата, во непосредна близина на центарот на Неа Рода. Плажата е украсена со Плаво знаме за чистота.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top