Вила Магио Студиос – Неос Мармарас – Лето 2027

Термини

16.05.2027 – 26.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Мармарас, Ситонија – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Најголемото туристичко место на Ситонија.
• Плажа со ситен песок и постепено задлабочување, одликувана со плаво знаменце.
• Пристаниште со рибарски и туристички бродови и многу таверни покрај крајбрежјето.
• Во близина е комплексот Порто Карас, а зад местото се издигнува планината Итамос.

Сместување

Вилата „Магио Студиос“ се наоѓа на само 50 метри од брегот и на околу 130 метри од првите плажи на најголемата и најубавата градска плажа во Неос Мармарас. На приземјето од вилата има добро опремен супермаркет, а на неколку чекори се Магио пекарата и таверна за гиро. Во непосредна близина има и продавници за сувенири, слаткарници, ресторани и барови.

Студијата се наоѓаат на првиот и на вториот кат и се состојат од француски кревет со димензии 200×140 см или два стандардни единечни кревети, ТВ/САТ, клима уред (користењето е бесплатно), ноќна масичка, гардеробер, како и кујнски простор целосно опремен со садови, шпорет со две плочи, фрижидер и вентилатор. Бањите имаат туш и тоалет.

• Студио бр. 102 – двокреветно, прв спрат, брачен кревет, страничен поглед на море.
• Студио бр. 104 – двокреветно, прв спрат, брачен кревет, страничен поглед на море.
• Студио бр. 202 – двокреветно, втор спрат, брачен кревет, директен поглед на море.
• Студио бр. 204 – двокреветно, втор спрат, брачен кревет, страничен поглед на море.

Напомени и услови

• Во цената е вклучено: сместување за 7 ноќи (наем) и клима уред. Не е вклучено: патничко осигурување, туристичка такса по соба и превоз
• Black Friday: попустите важат исклучиво при целосна уплата на аранжманот, до 30.11.2026
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
• Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети; над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 5,99 години
• За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст; попустите не се комбинираат
• Кога цените се ПРОМО, при уплата на два последователни термини се пресметуваат две промо цени
• Организаторот на патувањето го задржува правото на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од објавените во ценовникот
• Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената
• Сместувањето е по 14:00 часот по локално време, а напуштањето е до 09:00 часот
• По завршување на летувањето должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба; евентуална штета се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата
• Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот)
• Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради што не може да се направи промена на термин
• За ова патување важат општите услови на Т.А. Екстра Бус
• Во случај на промена на патник се задржуваат 15 евра од направената уплата

Цени

ТерминНоќевањаСтудио 1/2Студио 1/2 – Black Friday (до 30.11.2026)
16/05-23/057299 €209 €
23/05-30/057375 €263 €
30/05-06/067524 €367 €
06/06-13/067671 €470 €
13/06-20/067899 €764 €
20/06-27/067959 €815 €
27/06-04/077929 €790 €
04/07-11/077998 €798 €
11/07-18/0771032 €826 €
18/07-25/0771109 €943 €
25/07-01/0871109 €943 €
01/08-08/0871169 €1052 €
08/08-15/0871169 €1052 €
15/08-22/0871169 €1052 €
22/08-29/0871109 €998 €
29/08-05/097884 €619 €
05/09-12/097671 €470 €
12/09-19/097479 €335 €
19/09-26/097344 €241 €

Околина

Вилата е на 50 метри од брегот и на околу 130 метри од првите плажи на градската плажа во Неос Мармарас; на приземјето има супермаркет, а во близина пекара, таверни, продавници за сувенири, слаткарници, ресторани и барови.

Превоз

• Превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија – возрасни: повратна карта 60 €; во еден правец 55 €.
• Деца до 11,99 години: повратна карта 50 €; во еден правец 45 €.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top