Вила Ридос Студиос – Неос Мармарас – Лето 2027

Термини

16.05.2027 – 26.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Мармарас, Ситонија – Грција

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Најголемото туристичко место на Ситонија.
• Плажа со ситен песок и постепено задлабочување, одликувана со плаво знаменце.
• Пристаниште со рибарски и туристички бродови и многу таверни покрај крајбрежјето.
• Во близина е комплексот Порто Карас, а зад местото се издигнува планината Итамос.

Сместување

Вилата „Ридос“ располага со студија на приземје, на првиот и на вториот кат; сите соби имаат балкон, голем „смарт“ телевизор и Wi-Fi. Опремени се и со мала кујна со фрижидер со замрзнувач, керамичка плоча за готвење, аспиратор, прибор за подготовка на храна и кафе и прибор за јадење. Креветите се пространи, со ширина од 1,60 м, а покрај нив има убави ноќни масички и ламби за читање со можност за полнење мобилни телефони. Сите соби имаат пространи и високи плакари и инвертер клима уреди.

• Студио Д2 (приземје) – до 4 лица. Дели заедничка тераса и заден двор со друго студио, каде има простор за скара долг околу 5 метри, опремен со печка, мијалник и трпезариска маса за 10–12 лица, 4 дрвени лежалки со помошни масички и аголна дрвена гарнитура за седење. Студиото е приближно 35 м², со голема кујна и гардеробер долг 1,60 м. Бањата има туш со двојни столбови. Во предниот дел е дневниот простор со кревет и софа.
• Студија бр. 102 и 104 (прв спрат) – две идентични соби свртени кон задниот двор, уредени според принципите на модерниот дизајн. Во секое може да се сместат до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99 години на софата на развлекување.
• Студио бр. 202 (втор спрат) – свртено кон задниот двор, уредено според принципите на модерниот дизајн. Може да се сместат до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99 години на софата на развлекување.
• Мезонет бр. 201 (втор спрат) – апартман на две нивоа. На долното ниво има балкон и пространа дневна соба со импресивна аголна гарнитура што се развлекува (спијат најмалку 2 лица), голема кујна, трпезариска маса, голем телевизор и импресивна бања. На горното ниво има брачен кревет, аголна гарнитура, голем телевизор и голем плакар. Просторот е покриен со дрвен таван (од топола) и е осветлен и проветрен преку страничен прозорец. Може да спијат 4 возрасни лица и две деца до 11,99 години.

Напомени и услови

• Во цената е вклучено: сместување за 7 ноќи (наем) и клима уред. Не е вклучено: патничко осигурување, туристичка такса по соба и превоз
• Black Friday: промотивните попусти од 15%, 20% и 30% важат исклучиво при целосна уплата на аранжманот, до 30.11.2026
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
• Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. )
• Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети; над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 5,99 години
• За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст; попустите не се комбинираат
• Кога цените се ПРОМО, при уплата на два последователни термини се пресметуваат две промо цени
• Организаторот на патувањето го задржува правото на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од објавените во ценовникот
• Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената
• Сместувањето е по 14:00 часот по локално време, а напуштањето е до 09:00 часот
• По завршување на летувањето должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба; евентуална штета се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата
• Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот)
• Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради што не може да се направи промена на термин
• За ова патување важат општите услови на Т.А. Екстра Бус
• Во случај на промена на патник се задржуваат 15 евра од направената уплата

Цени

ТерминНоќевањаСтудио Д2 (приземје) – 1/2+2Студио 102 (прв спрат) – 1/2+2Студио 104 (прв спрат) – 1/2+2Студио 202 (втор спрат) – 1/2+2Мезонет 201 (втор спрат) – 1/4+2
16/05-23/057304 €327 €327 €327 €363 €
23/05-30/057383 €411 €411 €411 €456 €
30/05-06/067534 €574 €574 €574 €637 €
06/06-13/067684 €735 €735 €735 €816 €
13/06-20/067916 €985 €985 €985 €1094 €
20/06-27/067978 €1051 €1051 €1051 €1167 €
27/06-04/077947 €1018 €1018 €1018 €1130 €
04/07-11/0771019 €1095 €1095 €1095 €1216 €
11/07-18/0771053 €1132 €1132 €1132 €1256 €
18/07-25/0771131 €1215 €1215 €1215 €1349 €
25/07-01/0871131 €1215 €1215 €1215 €1349 €
01/08-08/0871192 €1281 €1281 €1281 €1422 €
08/08-15/0871192 €1281 €1281 €1281 €1422 €
15/08-22/0871192 €1282 €1282 €1282 €1423 €
22/08-29/0871018 €1215 €1215 €1215 €1349 €
29/08-05/097901 €696 €696 €696 €1075 €
05/09-12/097684 €735 €735 €735 €816 €
12/09-19/097342 €525 €525 €525 €582 €
19/09-26/097350 €377 €377 €377 €418 €

Околина

Објектот е на 10 метри од брегот и на 100 метри од големата плажа во Неос Мармарас.

Превоз

• Превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија – возрасни: повратна карта 60 €; во еден правец 55 €.
• Деца до 11,99 години: повратна карта 50 €; во еден правец 45 €.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top